Бетис загуби од кралскиот клуб – Војдан Стојановски двоцифрен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Реал Бетис во натпревар од 29-то коло во АЦБ лигата, 87:76.

Гостите во првата четвртина стигнаа до пет поени предност, 3:8. Кошаркарите на Реал направија огромна серија и после десет минути игра имаа 12 поени предност, 25:14. Во втората четвртина домашните имаа константно водство и на полувреме заминаа со 13 поени предност, 46:33.

Кошаркарите на Реал Бетис во третата четвртина ја намалуваа негативата и во последните десет минути од натпреварот влегоа со 8 поени негатива, 63:55. Бетис во последната четвртина до четири негатива, но до крајот Реал ја зголеми предноста и на крајот победи со 87:76.

Ночиони го предводеше Реал Мадрид со 26 поени. Кај Бетис, Локет беше најефикасен со 18 поени. Македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски натпреварот го заврши со 11 поени.