Беше голема надеж на Фергусон, а сега работи за – 50 евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и голема надеж на Сер Алекс Фергусон, Федерико Македа реши да почне нова работа, иако уште е фудбалер.

Македа во моментов настапува за Панатинаикос, постигна шест гола сезонава во грчкиот шампионат, а очигледно парите кои ги добива во Грција не се доволни за него.

Поради тоа почнал да работи на еден веб-сајт „Камео“. На него може да платите одредена сума на пари за да ви посака среќен роденден некоја позната личност.

Македа тоа го наплатува по 50 евра, па очигледно така собира доволно пари, зашто само од една работа не може да „преживее“.