Беше еден од најдобрите напаѓачи во Англија, а денес не му бега – банкрот!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк, се наоѓа пред големи финансиски проблеми и во секој момент ќе банкротира.

Јорк остана запаметен по одличните настапи во дресот на Манчестер јунајтед, каде што играше во легендарниот тандем со Енди Кол. Откако ја заврши кариерата имаше многу активности, а многу пари вложуваше во недвижнини.

Меѓутоа, откако неговата поранешна девојка Кејти Прајс пред неколку дена прогласи банкрот и откри дека потрошила 45 милиони фунти за десетина години, очигледно и поранешниот играч ќе тргне по нејзини стапки.

Играчот досега неколкупати бил на суд и открил дека не може да враќа кредити, зашто нема доволно пари. Многумина останаа во шок кога слушнале дека ги потрошил сите заработени пари. Минатата година за 2,5 милиони евра ја продаде куќата, но очигледно ниту тоа не му беше доволно.

Овој 46-годишен играч во дресот на Манчестер јунајтед одигра 96 натпревари и постигна 52 гола.