Беше енергичен и секогаш насмеан: Клаудио Раниери низ солзи зборува за трагично загинатиот сопственик на Лестер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот тренер на Лестер, Клаудио Раниери истакна денес дека трагично настраданиот сопственик на фудбалскиот луб, Вичај Шриваданапраба бил позитивен човек, полн со енергија, дека секогаш имал позитивни зборови за секого и никогаш не приговарал.

Ме потресе веста… Беше добар човек и секогаш имаше позитивен збор за секого. Неговата позитивност и способност сите да го засакаат им беше јасна на сите. Во соблекувалната доаѓаше само за да зборува позитивни работи, не да приговара, вели Раниери, пренесуваат британските медиуми.

Шриваданапраба и уште четири лица загинаа во саботата вечерта кога хеликоптерот се сруши на паркингот пред стадионот „Кинг Пауер“.

„Се што би допрел би станало подобро. Веднаш сфатив дека е позитивна личност, полна со енергија“, вели Раниери.

Раниери го предводеше Лестер до освојувањето на Премиер лигата во 2017. година, за во сезоната потоа да заработи отказ.

„Шриваданапраба даде важен допринос во освојувањето на Премиер лигата. Доаѓаше на 30 минути пред мечот за да ги прегрне сите. Никогаш не кажал грд збор, секогаш беше среќен со насмевка на лицето“, заклучи Раниери.