Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот шампион во Ф1, Нико Розберг изјави дека е среќен по својот најголем успех, но дека воопшто не уживал во трката во Абу Даби.
Возачот на Мерцедес до титулата стигна со 2-то место во Абу Даби, каде победи Луис Хамилтон. Германецот го победи бранителот на титулата за 5 бодови и така го повтори успехот на својот татко од 1982 година.
„Не беше ова трка во која што уживав. Момците ме бркаа од самиот старт. Ја посветувам оваа ттиула на својата сопруга, и благодарам на поддршката, на останатите ќе им се заблагодарам подоцна. Горд сум на тоа што го постигна татко ми, одвај чекам да го видам.“
Розберг по завршуваето на трката покажа почит кон Хамилтон, на кој му честиташе за одличната сезона.
„Му честитам на Луис на одличната сезона, беше тешко да се победи. Момците во тимот беа одлични и им благодарам многу.“