Бејл избегал од „Сантијаго бернабеу“ пред срамниот пораз од Сосиедад (ФОТО)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера беше поразен со 0-2 на домашен терен и тоа покажа дека се наоѓаат во голема резултатска криза.

Оваа година не тргна како што треба за Реал, зашто се без победа во домашното првенство. Најпрво ремизираа со Вилјареал, а синоќа повторно се посрамотија, а во центар на внимание е потегот на Герет Бејл.

Бејл синоќа го следеше мечот од трибините, но ги налути навивачите кога реши да побегне. Очигледно репрезентативецот на Велс не сакал да го пречека група навивачи, па решил да побегне.