Бејл поради провокација кон навивачите ќе добие казна од – 12 натпревари!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл се соочува со жестока казна по дербито против Атлетико Мадрид, зашто надлежните органи на Ла Лига ја истражуваат неговата прослава на голот.

Тој сега се соочува со казна од дури 12 натпревари затоа што, наводно, испратил навредливи пораки кон противничките навивачи.

Бејл прво гестикулираше со десната рака во близина на главата, а потоа ги прекрсти рацете и на навредлив начин ја покажа десната рака на навивачите на домаќините.

„Во 73. минута од мечот, откако беше постигнат третиот гол, Герет Бејл беше исвиркуван од страна на домашните навивачи, затоа што ги провоцираше. Потоа направи уште неколку гестикулации, па доколку се покажат како точни обвинувањата, тогаш велшкиот фудбалер ќе биде суспендиран од четири до 12 натпревари“, соопштија од Ла Лига.