Бејл по подолго време отворено зборуваше за односот со Роналдо…


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Герет Бејл и Кристијано Роналдо до минатото лето беа соиграчи, а потоа Португалецот го подигна сидрото и премина во Јувентус.

Велшанецот остана во Мадрид, каде се очекуваше дека ќе стане нов лидер на Реал, но тоа не се случи.

Повредите повторно го забавија Бејл, кој одигра слаба сезона, се повеќе се зборува дека би можел да ги напушти редовите на Реал.

Како и да е, Бејл и Роналдо беа напаѓачки тандем во Реал од 2013. година до изминатото лето, а Велашнецот неодамна проговори за својот однос со португалскиот фудбалер.

„Кристијано е неверојатен играч, уживав потполно играјќи со него.

Секако, медиумите се трудат да подигнат прашина измислувајќи проблеми кои никогаш не сме ги имале. Добро се согласувавме. Тој е неверојатен играч, а што направи за клубот и колку погодоци постигна и самите знаете. Неверојатен играч, кој и натаму е на врвно ниво“, изјави Бејл, негирајќи дека имал било какви несогласувања со Португалецот.