Бившиот претседател на Реал Мадрид открива: Конечно познати двете причини поради кои Зидан како тренер замина од „Бернабеу“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шокантен отказ кој Зинедин Зидан го даде изминатото лето само пет дена откако како тренер на Реал ја освои Лигата на шампионите, трета година во низа, и од која клубот се уште не закрепна, сега доби свое објаснување.

Рамон Калдерон, кој беше претседател на Реал од 2006. до 2009. година, за шпанските медиуми ги откри причините кои Зидан го натерале на таков потег.

„Зидан многу јасно и гласно на Перез му ги постави барањата кои не се никаква тајна. Инсистираше на тоа Реал да го задржи Кристијано Роналдо и да го продаде Герет Бејл. Перез пак сакаше да го направи спротивното, а тоа како што е познато и го направи“.

Калдерон додава: „Зидан веднаш потоа одлучи да замине. Како што гледаме, беше потполно во право…“