Бивш француски репрезентативец: Само Меси и Роналдо се подобри од Мбапе!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Франција, Биксенте Лизаразу за медиумите изјави дека само Лионел Меси и Кристијано Роналдо во моментов се подобри од Килијан Мбапе.

Фудбалерот кој помина поголем дел од својата кариера во Баерн Минхен кажа дека Мбапе би можел да стане наредната суперѕвезда во светскиот фудбал.

На само 20 години Мбапе е една од најголемите светски ѕвезди, а веќе освои две титули во Франција и со репрезентацијата стана светски шампиони.

Допрва се очекуваат многу работи од Мбапе, кој воодушевува со настапите во клубот и репрезентацијата, а многумина сметаат дека е само прашање на време кога младиот Французин ќе ја освои и „Златната топка“.

Лизаразу, кој беше светски шампион со Франција верува дека Мбапе е роден за големи работи.

„Да, мислам дека тој би можел да биде наредната вистинска ѕвезда во светскиот фудбал. Тој е најдобриот млад фудбалер во светот, а по Роналдо и Меси нема причина зошто не би станал и најдобар во светот“, вели Лизаразу.