Бизарни причини му го уништија дебито


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Беник Афобе од Бурнмут откри како останал без деби за репрезентацијата.

    Овој 23-годишен напаѓач е роден во Лондон и ги помина сите младински репрезентации на Англија, а откако му се даде шанса да игра за земјата од каде што доаѓаат неговите родители, дојде до технички проблеми.

    Англискиот фудбалски сојуз ги испратил неговите документи на погрешна земја, а додека ја поправат грешката, веќе беше доцна тој да биде регистриран за натпреварот против Гана.

    Афобе, кој ја помина академијата на Арсенал, ќе мора да почека на своето деби до наредната година.