„Билд“ со иста насловна како пред четири години кога Германија го растури Бразил (Фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред четири години Германија на патот кон светската титула со високи 7:1 ја совлада репрезентацијата на Бразил и со тоа ги собра сите симпатии кај фудбалскиот свет.

Победата нормално најмногу се славеше во Германија, а најугледниот тамошен весник тогаш на својата насловна страна напиша „Ohne Wrote!“ што во превод значи „Без зборови“. Насловната страница на Билд од тој 9 јули ќе биде пресликана и во нивното утрешно издание.

Меѓутоа, додека пред четири години се славеше поради импресивниот подвиг, утрешното издание на „Билд“ ќе ја потсети Германија на срамот по денешниот пораз од Јужна Кореа (2:0) и испаѓањето од Мундијалот уште во групната фаза.