Билиќ и Мурињо договорија одлична зделка: Ѕвезди одат на позајмица во Вест Хем?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според сознанијата на Дејли Телеграф, Славен Билиќ побара услуга од Жозе Мурињо, а тој веќе во јануари сака да ги види во Вест Хем Антони Маријал или Маркус Рашфорд.

Чеканите сфатија дека трансферот на Симоне Заза од Јувентус беше тотално промашување, па се свртија кон други опции со цел да го засилат својот напад.

Добра работа за лондонската екипа е тоа што Енди Керол се врати во екипата и влезе во форма, а Вест Хем после ремито на Енфилд со Ливерпул запиша и две минимални победи на својот стадион.

Билиќ под итно сака да доведе уште еден подвижен фудбалер кој ќе отвори простор на Паје, а со самото тоа и ќе го подобри офанзивниот учинок на својат аекипа кој е многу лош во тековната сезона.

Од друга страна, Жозе Мурињо сеуште бара стартен состав на Манчестер Јунајтед, а се наведува дека ни Марсијал ни Рашфорд нема да бидат ударна игла на Црвените ѓаволи, па так Билиќ бара ако ништо друго, позајмица.