Билиќ си најде нова работа, ќе седне на клупата на славен клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Славен Билиќ би можел да се врати во Истанбул откако медиумите во Турција открија дека поранешниот тренер на Вест Хем преговара со челниците на Галатасарај.

Игор Тудор заработи отказ од клубот откако го изгуби првото место на табелата, а Турците сега се во потрага по замена која ќе ги врати на врвот на табелата.

Наводно директорот на Галата, Ченк Ергјун веќе имал три разговори со Билиќ кои поминале одлично, а Хрватот побарал неколку денови за да ја разгледа понудата.

Доколку се остварат ваквите најави Билиќ ќе биде дочекан „на нож“ од навивачите на Бешикташ, клуб кој го водеше од 2013 до 2015 година.