„Би сакал да се борам уште еднаш, а потоа да ја завршам кариерата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Кро Кап се врати во Хрватска откако го освои турнирот во Јапонија.

Тој демолираше 3 противници во 2 денови, па стигна до појас во таа организација.

Кро Кап вчера се врати дома, а по доаѓањето во Загреб најави пензија.

„Лесно може да се случи тоа. Јас се вратив дома и ќе размислам добро. Би сакал да се борам уште еднаш, но не знам дали ќе биде можно, дали здравствената состојба ќе ми го дозволи тоа.“

Тој има резултат од 35-11-2 во ММА борби додека рекорд во кик-бокс му е 23-8.