БЛ: Дортмунд без претставник во тимот на сезоната, најдобриот играч очекувано од Баерн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според уредниците на специјализираниот портал “Whoscored” во тимот на сезоната немаше место ни за најдобриот стрелец во лигата.

Баерн ја освои лигата уште пред неколку кола пред крајот, Лајпциг израсна во најпријатно изненадување бидејќи во шампионатот завршија на неверојатното второ место, иако во минатата сезона играа во Цвајти.

Да не беше феноменалниот Лајпциг, изненадување на сезоната ќе беше Хофенхајм, кој успеа да стигне до квалификациите за ЛШ прв пат во историјата на клубот, од клупата ги предводеше најмладиот но и најдобриот тренер во Бундеслигата во сезоната позади нас, 29-годишниот Јулијан Нагеласман.

Нема сомнеж дека најнепријатно изненадување е екипата на Волфсбург, која со Брауншвајг ќе игра бараж во борба за опстанок во елитата.

Екипата од порталот “Whoscored”,, која се занимава со статистика од фудбалските терени, состави и најдобри 11 од Бундеслигата, од сезоната позади нас, а во тимот немаше место за „златната копачка“ од лигата Пјер Емерик Обамејанг.
Дортмунд нема ниту еден претставник, а во најдобрите 11 очекувано се наоѓаат најмногу играчи од Баерн (4), додека по двајца играчи даваат Хофенхајм и Лајпциг.

Во тимот е и идниот играч на Арсенал, а во продолжението погледнете како според уредните порталот “Whoscored” изгледа најдобриот тим на Бундеслигата во сезоната позади нас.

Според истиот портал, најдобар играч во Бундеслигата за сезоната 2016/17 е играчот за врска на минхенски Баерн Тијаго Алкантара.