Боатенг изненадил навивач, а тој порача: Не можам да верувам, ќе паднам во несвест..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Принц Боатенг зимава се пресели од Сасуоло во Барселона во трансфер, кој ја воодушеви целата фудбалска јавност. Ганецот со тој потег ги налути играчите на Фантази Фудбол, игра кој во Италија се плаќа и ја организира „Газета дело Спорт“.

Многу фудбалери во своите екипи го имаа Боатенг, а еден од играчите во шега му кажа да му ги врати парите.

Му испратил број на сметка, а потоа се изненадил кога видел дека на неа ја имало бараната сума.

„Не можам да верувам, ќе паднам во несвест каков човек е тој“, напиша воодушевениот навивач.