Боатенг по само шест месеци си заминува од Барселона


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Играчот кој во последните денови од јануари пристигна во Барселона, Кевин Принс Боатенг ќе го напушти клубот по само шест месеци кога ќе заврши неговиот договор за позајмица.

„Марка“ пренесува дека Каталонците немаат намера перманентно да го откупат договорот на Боатенг кој во јуни ќе се врати во Сасуоло.

Брзоногиот фудбалер се пресели во Барселона како позајмен фудбалер од Сасуоло, а во договорот има опција тој перманентно да остане на „Камп Ноу“ за сума од осуммилиони евра.

Сепак, 31 годишниот фудбалер кој досега има само два настапи за Барселона ќе е врати во Италија.