Боатенг прифаќа да не биде прв избор во Барселона


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Новото засилување на Барселона, Кевин Принс Боатенг прифаќа да биде резервна опција во клубот во кој официјално беше претставен на јавноста во текот на денешниот ден.

Познато е кој ќе биде прв избор на Ернесто Валверде и во преостанатиот дел од сезоната, а Боатенг на првото интервју истакна дека знае дека нема да игра во првиот тим.

„Не сум разговарал со тренерот се уште. Но знам дека не дојдов за да играм во првата поставата затоа што тука има неверојатни фудбалери. Јас сум тука поради моето искуство и за да помогнам на клубот“- коментираше Боатенг.

Икусниот, 32 годишен фудбалер во кариерата настапувал за десет клубови меѓу кои Милан, Тотенхем, Борусија Дортмунд и Потсмут. Тој исто така има искуство со играње во Ла Лига затоа што една сезона помина во редовите на Лас Палмас.