Богатинов го продолжи договорот со Етникос и останува во Кипар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Мартин Богатинов денеска го продолжи договорот со Етникос Ахнас, и покрај тоа што клубот испадна од лигата во минатата сезона.

Нашиот интернационалец немаше баш најдобра сезона во Кипар, откако на 23 одиграни натпревари прими дури 53 гола, а само на четири дуели ја сочува мрежата.

Сепак, тоа не беше проблем за клубот од Кипар, кој му го продолжи договорот на уште една година, па ќе се обидат да изборат враќање во Првата кипарска лига.

Богатинов пристигна во Етникос во 2015. година, а клубот подготви специјално видео за нашиот интернационалец.