Боли во стилот на Марадона, со рака му даде гол на Сити (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити ремизираше на гостувањето против Вулверхемптон со резултат, 1:1 во првиот натпревар од третото коло во Премиер лигата.

Први до водство стигнаа домаќините во 57. минута со голот на Боли. Интересно беше тоа што дефанзивецот голот го постигна со рака, но тоа никој не го забележа.

Веднаш на социјалните мрежи го споредија Вили Боли со Марадона кој погоди против Англија на Мундијалот во 1968 година.

Во 69. минута Манчестер Сити стигна до израмнување, а стрелец на голот беше Ајмерик Лапорте кој искористи еден одличен центаршут на Илкај Гундоган.