Болната сабота е заборавена – Шифрин го освои Марибор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американската скијачка Микаела Шифрин победи на слалом во Марибор со време од 1:39.61.

Така таа на најдобар начин го преболе саботниот велеслалом кога беше на врвот по првото возење, а на крајот беше 4-та.

Второ место заврши Венди Холденер со 19 стотински заостанување, а на 3-то место беше Фрида Хансдотир со 31 стотинка заостанување.

4-та беше Петра Влхова со 41 стотинка заостанување, а следат Нина Лосет и Шарка Страчова.

Следната трка за жени се вози во вторник, слалом во Австрија.

Во генералниот пласман Микаела Шифрин води со 948 бодови, втора е Лара Гут со 643, а трета е Теса Ворли со 563 поени.