Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најбрзиот човек на сите времиња, Јусеин Болт би можел да биде повикан во фудбалската репрезентација на Јамајка.
Болт одлучи да се прости од атлетиката и да се проба во фудбалот. Тренираше со голем број екипи, а изминатите месеци тренираше и играше за австралиски Централ Коуст Маринерс.
Сепак, договор одби иако му беше понуден, па овој тим го отпиша од понатамошните планови.
Меѓутоа, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јамајка, Мајкл Рикетс со задоволство би сакал да го види во репрезентацијата.
„Ако се покаже доволно добар за репрезентацијата, ние ќе го повикаме. Го следиме неговиот напредок, а тренерот ќе ја донесе одлуката. Ние би сакале да го видиме во сериозен натпревар“, истакна Рикетс, и додаде:
„Неговата брзина е голема предност, а кога би успеал да додаде малку вештина, би можел да стане големо засилување за нашата репрезентација. Играчите се возбудени поради фактот дека Болт би можел да заигра со нив. Сигурно ќе добие повик ако се покаже“, заклучи Рикетс.
Чудна ситуација, но не и невозможна бидејќи Јамајканците очигледно мислат дека во него несомнено има квалитет.