Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека тренерот на Арсенал, Унај Емери, има намера да го засили својот тим со Хамес Родригез.
Откако германски „Кикер“ објави дека Баерн нема да го откупи Родригез од Реал Мадрид, голем број гиганти се вклучија во борбата за Колумбиецот.
Англичаните пишуваат дека Емери по секоја цена сака да го види Родригез на „Емирати“ бидејќи смета дека тој е перфектен фудбалер за „топчиите“.
Родригез, од друга страна, не е среќен во Минхен, затоа што почна да добива многу помалку шанса по пристигнувањето на Нико Ковач на тренерското место.
Арсенал е подготвен да плати 90 милиони евра за Колумбиецот, а за неговиот потпис ќе мора да се бори уште со Јувентус, Манчестер јунајтед и Ливерпул.