Бомба во последни моменти: Мурињо има голем план, Челси мора наскоро да одлучи!?

До крајот на преодниот рок тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ќе се обиде да ангажира барем уште двајца нови играчи.

Сигурно сте запознаени со ситуацијата во Манчестер и дека Мурињо е разочаран затоа што смета дека му недостигаат барем уште две засилувања. Примарна цел е стопер, а Португалецот ќе мора да го реши тој проблем во следните неколку дена.

Освен тоа, Мурињо има план да го купи Вилијан од Челси, а подготвен е да го понуди Ентони Марсијал како замена.

Марсијал и Вилијан сакаат нови предизвици и сакаат да заминат во нови екипи, па планот на Мурињо има добра основа и сега се чека само Челси да го прифати неговиот предлог.