Бомба на „Л’Екип“: Следната недела Фабрегас потпишува за овој клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најугледниот француски спортски медиум „Л’Екип“ пренесува дека следната недела Цеск Фабрегас ќе потпише договор со тимот на Монако.

За шпанскиот интернационалец постоеше сериозен интерес од таборот на Милан, но по се изгледа тој кариерата ќе ја продолжи во 19. пласираниот тим во француската Ла Лига.

Познато е дека Фабрегас е одличен пријател со Тиери Анри кој во моментов е на клупата на Монако, а токму оваа врска била пресудна играчот од средниот ред да се пресели во Кнежевството.