Бомба на „Марка“: Солари се поздравил со играчите, познат и новиот тренер на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека Сантијаго Солари веќе се поздравил со играчите на Реал Мадрид откако му било кажано дека тој повеќе нема да биде тренер на клубот.

Весникот пренесува дека денес доцна попладне би требало да биде назначен Зинедин Зидан како нов предводник на клубот.

Директорите на Реал Мадрид закажале средба за денес во 18:00 часот на која и дефинитивно ќе биде потврдено враќањето на миленикот Зидан на клупата на „Кралскиот клуб“.

Пред точно девет месеци Зинедин Зидан си замина од Реал Мадрид, а сега ќе се врати повторно за да го извади својот клуб од калта во која западна.