Бомба на повидок – Агентот на Верати започна преговори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот е прва мета на Барселона, а Каталонците имаат план.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Марко Верати е прва желба на Барселона и тоа е јавна тајна.

Каталонски Мундо депортиво пренесува денеска на својата насловна страница дека Барселона го контактирала неговиот агент и дека започнале преговори околу негов трансфер на Ноу Камп.

Агентот на Верати Донато Ди Кампли два пати претстојуваше на Ноу Камп во последните неколку недели, на натпреварот Барселона со Пари Сен Жермен и Јувентус и во таа прилика се сретна со челниците на клубот.

Наводно, Верати е спремен да го напушти ПСЖ и да се пресели во Барселона каде што ќе биде наследник на Андрес Иниеста, меѓутоа, проблем е што ПСЖ не сака да го продаде.

Барселона ќе мора да издвои огромни пари, а кога ќе се земе во предвид дека Каталонците во минатото лето за Андре Гомеш платија 35 милиони евра плус 20 во бонуси, јасно е дека за Варати мораат да издвојат барем 70.

Верати би бил вистинско засилување за Барселона која сака да се врати на врвот на Европа после две разочарувачки сезони во Лигата на шампионите каде што испаднаа во четвртфиналето.

Да потсетиме, Барса е на пат да заврши уште едно големо засилување во последната линија на одбраната…