„Бомба“ од Италија: Милинковиќ – Савиќ прави спектакуларен трансфер во Серија А!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ – Савиќ не игра најдобро сезонава, па во јануари би можел да го напушти Лацио и да се пресели во Милан.

Италијанскиот новинар Франко Мели вели дека Милинковиќ-Савиќ речиси сигурно ќе го напушти Рим, а информациите ги добил од извор близок до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Наводно, трансферот на српскиот репрезентативец во Милан ќе изнесува 70 милиони евра, а тоа е многу поефтино од сумата од 100 милиони, колку што бараше управата на клубот од Рим.

Сергеј сезонава одигра 15 натпревари во Серија А, но постигна само по еден гол и една асистенција.