„Бомба“ од Мадрид: Реал испрати понуда за ѕвезда на Јувентус


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во моментов е третата сезона во која Реал Мадрид ќе заработи повеќе од продажба на играчи, отколку што ќе вложи во нови засилувања.

Но, „Марка“ пишува дека „кралевите“ работат на нови засилувања. Претседателот Флорентино Перез до крајот на преодниот рок ќе се обиде да донесе уште едно звучно име на „Сантјаго бернабеу“.

Прва желба му беше Еден Азар, но Челси не го продаде. Сега Реал го сака Пауло Дибала. И на адресата на Јувентус испратиле 180 милиони евра.

Сепак, „бјанконерите“ веднаш одговориле дека Дибала не е на продажба и дека залудни се обидите на Реал да го купи нивниот фудбалер.