Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Турција утрово излегоа со бомбастични најави дека нашиот интернационалец, Адис Јаховиќ во јануари ќе потпише договор со турскиот гигант, Галатасарај.
Јаховиќ сезонава игра во одлична форма во дресот на Гезтепе и се наоѓа на врвот на листата на стрелци во турската Суперлига. Одличните настапи не останаа незабележани и сега напаѓачот е пред најголемиот трансфер во кариерата.
Галатасарај во своите редови го има Бафетимби Гоми кој исто така одлично ја започна сезоната во Турција и е рамо до рамо со Јаховиќ на листата на стрелците.
Доколку се остварат најавите, Адис Јаховиќ ќе биде вториот македонски фудбалер кој играл за Галатасарај по Горан Пандев кој пред две години ги бранеше боите на овој клуб.