Бомба од Шпанија: Ковачиќ најави заминување од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матео Ковачиќ истакна дека сака да замине од Реал Мадрид ова лето и да замине во клуб каде ќе игра почесто.

24 годишниот фудбалер во моментов со својата репрезентација го живее сонот во Русија откако успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство.

Откако пристигна во редовите на Реал од Интер во 2015 година Ковачиќ има само 55 натпревари кои ги започнал како стартер, па доколку сака да напредува во кариерата мора да замине од тимот.

„Сакам да играм повеќе во Реал Мадрид затоа што го сакам фудбалот и сакам да бидам на теренот. Знам дека е тешко да си стартер во Реал Мадрид, посебно кога ќе пристигнеш многу млад. Ја разбирам ситуацијата, но поради тоа јас верувам дека најдобрата работа за мене е да заминам во друг клуб каде ќе имам можност да играм регуларно како стартер. Мислам дека ќе добијам таква можност и тоа е она што го сакам во моментов“- коментираше Ковачиќ.

Сериозен интерес за хрватскиот интернационалец има од редовите на Шалке 04, а се споменува интерес и од Милан и Тотенхем.