„Бомба“: Челси ќе го урне светскиот рекорд за голмани!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роман Абрамович се согласил да плати 89 милиони фунти за Јан Облак од Атлетико Мадрид, откако Тибо Куртоа денеска повторно не се појави на тренинг и најверојатно ќе се пресели во Мадрид.

Белгиецот не се појавува веќе втор ден по ред на тренинг, а тоа ги „подгреа“ шпекулациите за неговото заминување од Лондон.

Новиот предводник на „сините“, Маурицио Сари, го посакуваше Џордан Пикфорд, но Евертон бара 58 милиони фунти за англискиот голман, па поради тоа Абрамович решил да потроши повеќе пари, но на поквалитетен голман.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Челси ќе тргне наскоро по потписот на голманот на Атлетико Мадрид и ќе ја плати неговата откупна клаузула, по што Облак ќе се пресели во Лондон.