Бони сака да остане во Сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вилфред Бони сака да докаже дека е вреден да го носи дресот на Манчестер Сити, но признава дека клубот ќе одлучи за неговата иднина.

28 годишниот напаѓач во Сити пристигна за 28 милиони фунти во јануари 2015 година по фантастичните настапи во Свонси, но не успеа да се наметне во редовите на „Граѓаните“.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Стоук каде постигна само два погодоци на десет натпревари.

„Го сакам клубот и фановите. Сакам да покажам дека Вилфред Бони се уште е истиот играч. Поминував низ тежок период.  Јас не сум променет, сакам да постигнувам голови. Сакам да покажам што можам па мора да бидам подготвен за секој предизвик.“- коментираше Бони во изјава за „Скај Спортс“.