Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италија на „Сан Сиро“ во Милано одигра 0-0 против Португалија во Лигата на нации и така ги разочара своите навивачи, иако во поголемиот дел од натпреварот доминираа.
Италијанците останаа без победа, а со тоа и без пласман помеѓу четирите најдобро во Лигата на нации.
„Сакавме да бидеме најдобри, имавме одлично полувреме и две-три шанси, кои можеа да ни ја донесат победата. По полувремето, Португалија тактички ги смени некои работи и успеа да ги блокира нашите напади“, објасни Леонардо Бонучи.
Бонучи не можеше да остане имун на свирежите на Италијанците во Милано, кои беа поради неговото враќање во Јувентус, односно заминување од Милан по една сезона.
„Секогаш постојат идиоти. Имам доверба во моите соиграчи и тренерот, а тоа е најважно“, кажа стоперот на Италија.