Бонучи е казнет поради кавга со Алегри

Иако се мислеше дека ќе помине неказнето, челниците на Јувентус сепак се одлучија да го казнат Леонардо Бонучи.

Бонучи во текот на натпреварот против Палермо викаше и го навредуваше тренерот Алегри, а дека таквите работи не ги толерираат во торинскиот клуб сведочи и информацијата која ја објави Тутоспорт.

Како што наведува овој италијански медиум, Бјанконерите презеле мерки и парично го казнија Бонучи поради недолично однесување.

Во Јувентус не сакале да поминат преку жестоките зборови кои летале на теренот и поради тоа се одлучиле за казна, со цел да спречат такви ситуации во иднина да станат вообичаени.

Играчот и тренерот се смирија после расправијата и вниманието на екипата сега максимално е насочено во натпреварот против Порто во ЛШ.