Бонучи пристигна во Торино (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Леонардо Бонучи по една година помината во Милан, се враќа во Јувентус, каде што играше претходно.

Во овие моменти пристигна во Торино, каде што треба да помине лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со актуелниот италијански шампион.

Него го пречекаа новинарите и немаше навивачи, а исто така Бонучи не даде никаков коментар при неговото пристигнување.