Бонучи се извини на фановите на Јувентус (Видео)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Леонардо Бонучи доби аплаузи од фановите на Јувентус на „Курва Суд“ по победата против Лацио.

Играчот од одбраната минатата сезона направи шокантен трансфер во Милан, но се врати во Јувентус по само 12 месеци поминати на „Сан Сиро“.

По натпреварот со Лацио, Бонучи беше снимен како аплаудира кон фановите на Јувентус и со гестикулацијата на рацете како да се извинуваше за потегот што го направи пред една година. Тоа фановите го прифатија и му возвратија со громогласни аплаузи.