Борини: Дали се чуствувам како џокер? Не


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан Фабио Борини после долго време се запиша во листата на стрелците каде што постигна гол во победата над Џенова.

Тој постигна гол за 1-0, а подоцна Сусо го потврди важниот триумф за Росонерите, кои се вратија на четвртото место и ја продолжуваат борбата за ЛШ.

Ова за Борини е важен гол, затоа што често го оспоруваат, многу критики има на негова сметка, но сега тој покажа дека не е случајно член на ваков голем клуб.

Инаку, неодамна се поврзување со кинески Шензен, но Борини тврди дека тоа се гласини.

„Никогаш не сум ни бил близу до Кина“, изјавил тој, па продолжил:

„Моја беше идејата да останам во Милан. Среќен сум поради денешната победа и што ќе останам. Оваа победа е важна бидејќи ваквите натпревари секогаш се многу тешки и комплицирани“.

Го прашаа Борини дали се чуствува како „ас од ракавот“ кој го извлече Гатузо.

„Не, не баш“ низ смеа одговори Борини, кој додаде дека ова е само плод на неговата напорна работа.