Борини: „Конкуренцијата ме мотивира и ме прави подобар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Фубалерот на Милан, Фабио Борини откри дека не се плаши од конкуренција, туку напротив дека тоа го движи напред и мотивира.

„Секогаш се трудам да бидам подобар, а конкуренцијата само ме мотивира за да го остварам тоа.“ – изјави фудбалерот.

На тимот на Милан му е потребен напаѓач, а името на Златан Ибрахимовиќ се почесто се поврзува со нив, а Борини беше запрашан дали би можел да игра заедно со него.

„Тој е голем шампион, кој не би сакал да игра со него? Во мојата кариера веќе имам играто со такви победници и знам колку многу значат нивните совети“.

По утрото се познава денот, на првиот официјален натпревар на Милан оваа сезона во рамки од пре-елиминарната фаза од Лигата на Европа стадинот „Сан Сиро“ беше полн до последно место.