Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Борнмут славеше против Брајтон во првиот натпревар од петтото коло во Премиер Лигата.
Избраниците на Еди Хауви конечно се радуваа во шампионатот откако со 2:1 го победија гостинскиот тим на Брајтон.
По првиот дел во кој мрежите не се тресеа поведе гостинската екипа со голот на Марч во 55. минута од натпреварот. Веднаш по постигнатиот погодок тренерот на домашниот тим во игра го стави Џордон Ајб кој се чини беше клучниот фактор за пресвртот.
Најпрво поранешниот играч на Ливерпул асистираше на Ендрју Сурман за израмнување на резултатот во 67. минута, а по само шест минути беше асистент и на Џермејн Дефо кој го постави конечниот резутлат.