Борусија бара нереална цена за Дембеле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, од таборот на Борусија Дортмунд за услугите на нивниот играч, Осман Дембеле бараат неверојатни 90 милиони евра.

За еден од најперспективните играчи заинтересирана е Барселона, а наводно и младиот Французин лично изразил желба да настапува за „Каталонците“.

Покрај Барселона за Дембеле постои интерес и од страна на Милан, но прашање е кој клуб ќе прифати да ја плати бараната цена од страна на Борусија.

Колку за потсетување, Дембеле на „Сигнал Идуна Парк“ пристигна минатата сезона за сума од „само“ 15 милиони евра.