Борусија одбила понуда од Арсенал за Дембеле

Како што пишува „Мундо Депортиво“ од редовите на Борусија Дортмунд одбиле понуда од Арсенал за услугите на Оусман Дембеле.

Според медиумот младиот напаѓач на „Милионерите“ не е на продажба, но доколку пристигне примамлива понуда истата би била разгледана. Сепак понудата на Арсенал била далеку од примамлива и веднаш била одбиена.

За Дембеле сериозен интерес постои и од редовите на Барселона и Реал Мадрид.