Борусија подготвува нов договор за Тухел!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер наскоро ќе потпише нов договор со Дортмунд.

Тој го превзема тимот во 2015 година кога стигна од Маинц, а во последно време нема добри резултати.

Во БЛ, Дортмунд зад Баерн има негатива од 13 бодови додека на првиот натпревар во ЛШ изгуби од Бенфика со 1:0.

И покрај тоа, извршниот директор на клубот Вацке изјави дека е задоволен со тренерот.

„Новиот договор за него е реална опција. Ако бидеме искрени, не сме далеку од нашите цели кои ги поставивме пред оваа сезона. Релативно добро стоиме во сите натпреварувања и мислам дека се е во ред.“

Тренерот го поврзуваа со Арсенал, кој на крајот на сезоната ќе остане најверојатно без Венгер.