Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Чиленецот Клаудио Браво смета дека Манчестер Сити со Барселона може само да се спореди во однос на буџетот.
Браво ова лето по две сезони во Барселона се пресели во Манчестер Сити за сума од 20 милиони евра, меѓутоа не постои сомнеж дека неговиот поранешен клуб е поголем од сегашниот.
„Манчестер Сити е како Барселона во однос на буџетот, но за мене искрено Барселона е поголем клуб. Гвардиола е најдобар тренер на светот, искрен е и можеш со него да разговараш за работите поврзани со фудбалот, но и за семејството“, изјави Браво.
Оваа сезона Браво бранеше во речиси сите натпревари за Манчестер Сити, кој во Премиер лигата го завзема третото место.