Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот тренер на Селтик, Брендан Роџерс наскоро би можел да се врати во Премиер Лигата.
Ирскиот стратег кој претходно се поврзуваше со тренерското столче во Астон Вила би можел да го наследи Рафа Бенитез во Њукасл, доколку клубот продолжи да игра лошо на стартот на сезоната.
Селтик нема баш најдобар старт на сезоната во Шкотската лига и во моментов се наоѓа на третата позиција, но од таборот на шкотскиот гигант не ни помислуваат за отказ на Роџерс. Токму затоа од Њукасл ќе мора да му плати одредена сума на Селтик за неговите услуги.
Претходно Роџерс беше тренер на Ливерпул, Свонси, Рединг, Вотфорд како и во младите категории на Челси.