Брзо и експресно: На Сколс му пристигна повик на кој не може да се каже „НЕ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По еден месец минат на клупата на Олдам, Пол Сколс ја напушти таа работа.

Легендата на Манчестер Јунајтед не се прослави во четвртолигашот, а капката која ја прели чашата беше мешањето на газдата на клубот во изборот на играчите.

Како што на Сколс му пристигна повик од бившиот соиграч со Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој порача дека е добредојден на „Олд Трафорд“ во секој момент.

„Го повикав да ни се придружи овде, зборувавме малку и за тоа, но ништо конкретно. Би сакал да соработуваме повторно“, истакна Норвежанецот.

Не прецизираше јасно за каква улога се работи, но претпоставката е дека би бил еден од неговите помошници во стручниот штаб.