Бројки кои оставаат без зборови – Сo причина го викаат „новиот Анри“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако во своите редови има некои од најголемите фудбалски таленти, а по се изгледа дека најдобар е еден 18-годишен фудбалер.

На повеќето сигурно ви е познат Мбапе. Феноменален напаѓач на Монако кој игра одлично.

Дебитираше во 2015-та година, кога стана и најмладиот играч во историјата на тимот, откако го сруши рекордот на Анри.

Стана и најмлад стрелец во историјата на Монако, а повторно го надмина Анри.

Оваа сезона го покажа својот целосен потенцијал, постигна 16 голови и 5 асистенции досега.

Се наоѓа во одлична форма, тоа го потврди и против Бордо.

Тоа воедно е негов 10-ти гол на последните 10 натпревари во сите натпреварувања, а посебно фасцинира фактот дека во просек постигнува гол на секои 56.5 минути во последните 7 натпревари.

Неговото име се наоѓа кај многу скаути на европски гиганти, а неговиот развој го следат Арсенал и Барселона.

На прагот е да стигне до титула на своите 18 години, затоа што Монако е првопласиран во моментот.