Бубања: Против Работнички да го повториме резултатот од Струмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на прилепска Победа, Славољуб Бубања се надева дека неговиот тим ќе го заборави поразот до Пелистер во Купот на Македонија и против Работнички ќе ја повтори играта од Струмица кога на гостински терен Победа славеше против Академија Пандев.

„Поразот од Пелистер во Купот малку не поремети но тоа е веќе зад нас. Фудбалерите паузата ја искористија малку да се освежат а оваа недела максимално тренираа и подготвено го дочекуваат утрешниот натпревар. Гледајќи неколку мечеви на Работнички увидов дека е тоа екипа која има добар баланс. Тоа е спој на неколку доста искусни фудбалери со млади играчи. Забележав дека мојот колега доста ротира во составот. Играат агресивен фудбал и по мене тоа е можеби екипа која најмногу трча од сите прволигаши. Сигурно не очекува тежок натпревар но ние не се предаваме. Напротив одиме за Скопје со желба да го повториме резултатот од Струмица. Знам дека ќе биде тешко но фудбалерите се подготвени и верувам дека ќе дадат се од себе да избориме позитивен резултат кој доста би ни значел во оваа фаза од првенството“- коментираше Бубања.

Против Работнички Бубања нема да може да смета на Карчески кој ќе паузира поради заработените пет жолти картони во досегашниот дел од првенството.