Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашиот тренер одработи фантастично вчера и за три недели ќе донесе правилни одлуки, порача претседателот на Баерн откако неговиот тим одигра без погодоци на „Енфилд“ во првата средба од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Хоенес застана во одбрана на хрватскиот тренер кој од преземањето на Баерн изминатото лето често беше на удар на јавноста.
„Треба да престанете да го повикувате на секој меч. Работи одлично. Расправата околу тоа е смешна. Мислам дека победивме во 14 од последните 16 натпревари. Зарем и после тоа се уште треба да водиме расправа околу тренерот.
Со резултатот од првиот меч против Ливерпул задоволен е и легендарниот Карл-Хајнц Румениге.